Кошаркарите на Денвер загубија од Феникс 116:102, a со 3: 0 во серијата и се на чекор до елиминација во плејофот во НБА.

Во тимот на Денвер најдобар беше Никола Јокиќ, кој забележа трипл-дабл учинок – 32 поени, 20 скока и 10 асистенции. Монте Морис додаде 21, а Вил Бартон додаде 14 поени.

Девин Букер беше најдобар кај Феникс со 28 поени. Го следеше Крис Пол со 27 поени, шест скока и осум асистенции.

И кошаркарите на Филаделфија ја совладаа Атланта со 127: 111, поведувајќи со 2-1 во второто коло од плејофот во Источната конференција.

Џоел Ембид мечот го заврши со 27 поени. Тобијас Харис постигна 22, а Бен Симонс имаше 18 поени.

Најефикасен кај Атланта беше Тре Јанг со 28 поени, а Џон Колинс имаше 23 поени. Богдан Богдановиќ го заврши мечот со 19 поени.