Кошркарите на Денвер го победија ЛА Клиперс со 119-94 во мајсторката за пласман во финалето на Западната конференција од плеј-офот.

Денвер од негатива 3-1 во победи стигна до пресврт и со 4-3 го елиминира ЛА Клиперс, тие се прва екипа што два пати оправат пресврт победи во плејофот.

Никола Јокиќ со трипл-дабл беше инспиратор на победата за Денвер, Србинот мечот го заврши со 16 поени, 22 скока и 13 асистенции.

Противник на Денвер во финалето на Западот ќе биде ЛА Лејкерс.