Хувентуд запиша нова победа во Ендеса лига, вкупно четврта, падна екипата на Билбао со резултат 88-81.

Ненад Димитријевиќ одигра одлично, натпреварот го заврши со 10 поени, две асистенции и два скока, во својот тим  беше четврти стрелец на натпреварот.