Ненад Димитријевиќ беше јунак за Хувентуд во победата над Нантер во рамки на шестото коло од Еврокупот.

Македонскиот репрезентативец ги постигна клучните два поени во финишот на мечот, при еден одличен влез, а тој потег беше избран за втор најдобар од колото. Младиот плејмејкер мечот го заврши со 23 поени и беше убедливо најдобар кошаркар на теренот.

Најдобриот потег во ова коло го имаше  Сем Декер од Локомотив Кубан, со моќно забивање на дуелот со Ритас.