Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ одигра фантастичен натпревар за Хувентуд против Уникаха, постигнувајќи личен рекорд со 27 поени во Ендеса-лигата.

Димитријевиќ имаше неколку одлични реакции во одбраната од кои една е издвоена и од „натпреварувањето“.

Воедно Димитријевиќ се очекува во следната сезона да игра за Валенсија откако сите детали за премин веќе биде договорени.