Лука Дончиќ го предводеше Далас до победа против Бруклин со 115-98, младиот Словенец запиша 27 поени.

Далас со оваа победа ја прекина победничката серија на Бруклин, таа изнесуваше осум во низа, покрај Дончиќ со 27 поени, во победничкиот тим се истакна и Порзингис со 18 поени.

Најефикасен во тимот на Бруклин, воедно и  најефикасен на средбата  беше Харден со 29 поени.

Резултати:

ЛА Лејкерс – Портланд 102:93, Бостон – Индијана 118:112 , Торонто – Хјустон 122:111, Чикаго – Феникс 97:106, Детроит – Сакраменто 107:110, Мајами – Јута 124:116,Голден стејт – Шарлот 130:121 и Оклахома – Атланта 118:109.