Кошаркарите на Далас ја запишаа 35 овосезонска победа во НБА лигата откако ја совладаа Минесота со 139:123.

Лука Дончиќ со 20 поени девет скокови и седум асистенции беше најдобриот играч на паркетот во победничкиот тим.  За Минесота се издвои Расел со 29 поени и 5 асистенции.

Со оваа победа Далас дополнително се зацврсти на седмото место на Западот со седум триумфи повеќе од Мемфис.

Резултати НБА:

Далас – Минесота 139:123
Бруклин – Орландо 113:115
Хјустон – Њујорк 123:112
Јута – Феникс 111:131
ЛА Клиперс – Мемфис 124:97
Кливленд – Мајами 125:119
Филаделфија – Атланта 129:112
Вашингтон – Милвоки 134:137