Кошаркарите на Далас ја запишаа 41 овосезонска победа во НБА лигата , откако славеа против Њу Орлеанс со 125:107.

Маверикс до триумфот ги предводеше Лука Дониќ со 33 поени и по осум скокови и асистенции. За тоа на која позицијата ќе биде Далас во плејофот, ќе зависи од престојните натпревари против Торонто и Минесота.

ЛА Лејкерс дојде до значајна победа над Хјустон од 124:122, и со ова останаа во игра за шестото место на Западот. Без Леброн Џејмс во тимот, Такер беше најефикасен со 23 поени.

НБА резултати: ЛА Лејкерс – Хјустон 124-122, Атланта – Вашингтон 120–116, Бруклин – Сан Антонио 128-116, Кливленд – Бостон 102-94, Далас – Њу Орлеанс 125-107, Јута – Портланд 98-105.