Лука Дончиќ има неверојатен старт на сезоната во НБА, продолжува да блеска со нови рекорди во најсилната кошаркарска лига во светот.

Словенецот запиша трипл-дабл против Њујорк но неговиот тим беше поразен 102-106. Дончиќ мечот го заврши со 38 поени, 14 скокови и 10 асистенции, тој го сруши рекордот на Леброн Џејмс со најмногу трипл-дабл оставрувања (има четири сезонава) со над 30 поени по натпревар пред да наполни 21 година.