Словенечката сензација, Лука Дончиќ синоќа го имаше својот прв настап на Ол-стар мечевите. Тој беше дел од првата петорка во тимот на Леброн Џејмс, кои славеа над тимот на Јанис Антетокумпо со 157:155.

Словенечкиот кошаркар на Далас, Лука Дончиќ, постигна осум поени во Ол Стар натпреварот, а финишот од средбата го преседи на клупата од каде како што вели тој ги посматрал сите познати личности кои се наоѓаа во првите редови од „Јунајтед Центарот“.

Имаше многу познати личности по теренот и гледав кој седи таму. Омилената sвезда што ја видов покрај теренот? -Дефинитивно Карди Б“, рече Дончиќ.