Лука Дончиќ повторно блескаше, постигна 36 понеи на мечот против Индијана но неговиот Далас беше поразен со 112-109.

Словенецот беше најдобар поединец во составот на Далас кој потфрли во завршните минути од натпреварот, во последните 3 минути не постигнаа ниту еден поен, Индијана тоа го искористи за победа.

Дончиќ беше блиску до трипл-дабл,  покрај 36. поени имаше 10 скокови и 8 асистенции.

Резултати:

Бруклин – Чикаго 110:107,Феникс – Милвоки 140:131, ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 103:112, Бостон – Оклахома 104:105Минесота – Њу Орлеанс 107:120, Далас – Индијана 109:112, Кливленд – Сан Антонио 132:129 (прод.), Вашингтон – Мајами 89:100, Хјустон – Орландо 106:126, Сакраменто – Торонто 113:118 и Њујорк – Детроит 96:84.