Далас загуби со 117-115 од Феникс, Словенецот Лука Дончиќ постигна дури 40 поени , но беа недоволни неговата екипа да го избегне поразот.

Словенецот покрај 40 поени, придодаде 11 асистенции и 8 скока, кај победничката екипа, Девин Букер со 30 поени, четири асистенции и четири скока, беше најистакнат поединец.

РЕЗУЛТАТИ:

Бруклин – Вашингтон 118-110, Бостон – Портланд 128-124, Сан Антонио – Мемфис 106-108, Орландо – Сакраменто 132-116 и Хјустон – Милвоки 120-116.