Далас загуби од ЛА Лејекерс со 110-119  по продолжението во еден од најинтересните натпревари утринава во НБА лигата.

На средбата двајца играчи запишаа „трипл-дабл“, Лука Дончиќ од Далас и Леброн Џејмс од Лејекрси.

Дончиќ мечот го заврши со  со 31 поен, 13 скокови и 15 асистенции , Леброн со ефект 39 поени, 12 скокови и 16 асистенции.