Далас дома загуби од ЛА Клиперс со 99-114, Словенецот Лука Дончиќ постигна 22 поени, се спушти под бројката 30 и неговиот тим загуби.

Каваи Ленард со 28 поени беше најдобар поединец кај победничката екипа. Дончиќ одигра 34 минути, покрај 22 поени имаше ефект од 8 скокови и 6 асистенции.

Денвер го победи Вашингтон со 117-104, Никола Јокиќ имаше рекордни 20 скокови сезонава на што придодаде и 8 поени и 5 асистенции.