Словенецот Лука Дончиќ се врати на паркетот по две недели пауза, одигра маестрално, Далас го победи Сакраменто со 130-111.

Дончиќ за малку не запиша трипл-дабл, средбата ја заврши со 33 поени, 12 скока и 8 асистенции, беше најзалсужен за победата.

Леброн Џејмс беше најефикасен кај Лејкерси во победата против Денвер по продолжението со 120-116. Леброн средбата ја заврши со трипл-дабл, 32 поени, 12 скокови и 14 асистенции. За Леброн ова беше 12. сезонски трипл-дабл учинок.