Нов натпревар, нов рекорд за неверојатниот Лука Дончиќ, со трип-дабл против Сан Антонио стигна до  21. троен двоен учинок во кариерата со што го изедначи клупскиот рекордот на Џејсон Кид во Далас.

Далас го победи Сан Антонио со 109-103,Дончиќ  запиша 26 поени, 10 скокови и 14 асистенции, за разлика од Џејсон Кид, Словенецот до израмнување на клупскиот рекорд стигна по само сезона ипол во екипата, на Кид за ова му  беа потребни шест сезони.

Сезонава Дончиќ има 13. трипл-дабл, има уште многу натпревати и на повидок се нови рекорди, за два дена Словенецот ќе наполни 21 година.