Словенецот Лука Дончиќ со 30 поени го предводеше Далас до победа против шампионот ЛА Лејкерс, крајниот резултат 115-110.

Ова беше извонредно неизвесен натпревар, ЛА Лејкерс добро започна во првиот период, но како одминуваше времето домаќинот ја презеде иницијативата и на крај првата четвртина ја реализира со 31-26. Неизвесно беше и во останатите три периоди, резултатска Далас подобар во речиси сите од нив, 31-25, во третиот Лејкерс со предност 32-29, во последниот домашните подобри со 21-20 за победа изразена со пет коша разлика.

Дончиќ покрај 30-те поени, придодаде и девет скока и 8 асистенции, двоцифрен беше и Порзингис со 19 поени.

Резултати:

Бостон – Феникс 99-86

Орландо – Њу Орленас 100-135

Милвоки – Филаделфија 124-117

Сан Антонио – Детроит 106-91

Чикаго – Шарлот 108-91