Словенецот  Лука Дончиќ запиша дабл-дабл, но неговиот Далас беше поразен од Њујорк со 85-101.

Дончиќ натпреварот го заврши со 21 поен, 11 скокови и пет асистенции, недоволно за триумф на неговиот Далас.

Возбудливо беше и на натпреварот  Лејкерс и Сакраменто, тимот на  Леброн загуби со 125-116. Леброн постигна 34 поени, но не можеше се сам.

Јута – Кливленд 91-111, Индијана – Бостон 100-119, Филаделфија – Шарлот 98-109, Атланта – Мајами 91-115, Чикаго – Бруклин 112-138 и Сан Антонио – Хјустон 124-128.