Американскиот кошаркар Кевин Дурент за првпат во својата кариера во НБА лигата ќе го промени бројот на својот дрес.

Во Оклахома и Голден Стејт го носеше дресот со број 35,за да по трансферот во новата екипа на Бруклин Нетс Дурент се реши да го смени бројот и сега да биде новата “седумка” на тимот.

Дурант со бројот 35 постигна 22.940 поени, освои две шампионски титули и исто толку пати беше прогласен за МВП во финалните серии.