Легендарниот кошаркар конечно ја расветли „мистеријата за неверојатниот петти натпревар во финалето против Јута во 1997 година.
Џордан го погоди шутот за три поени и му донесе триумф на Чикаго Булс за предност од 3-2 во големото финале. Чикаго го доби следниот натпревар против Јута и се круниса во шампион на НБА лигата во 1997 година.
Тој натпревар од финалелето е познат како „грип натпревар“ бидејќи Џордан веднаш по победничкиот поен падна како покосен во рацете на Скоти Пипен и го напушти теренот.
Џордан ја расветли „мистеријата“ со изјава во која потврди што му се случило.
„Бевме во хотелот, а јас бев многу гладен, нарачавме и се појавија пет доставувачи на храна, сите сакаа да се сретнат со мене. Изедов цела пица, никој друг не проба од неа. За време на ноќта се разбудив и постојано повраќав. Значи, немав грип туку труење со храна“ – изјави Џордан.
Comments are closed for this post.