Тимот на Леброн Џејмс го победи составот на Јанис со 157-155, егзебициски натпревар во Чикаго.

За МВП на натпреварот беше прогласен Кавај Ленард кој средбата ја заврши со 30 поени колку што имаше и Јанис Антетокумбо на спортивната страна.

Ленард со тоа испиша историја, тој е прв играч кој го добил признанието „Коби Брајант“.

Леброн Џејмс натпреварот го заврши со 23 поени, дебитантот од Словенија, Лука Дончиќ уфрли 8 поени на средбата.

Во составот на Јанис Антетокумпо се истакнаа, Крис Пол со 23 поени и Бен Симонс со 17, Никола Јокиќ мечот го заврши со 5 поени.