Шампионот со ЛА Лејкерс Ентони Дејвис останува во клубот во кој даде огромен придонес за освојување на титулата во НБА.

Дејвис, како што објавија американските медиуми, најави дека ќе се откаже од загарантирани 28,7 милиони долари, и во исто време како слободен играч ќе потпише нов неколкугодишен договор со Лејкерс.

Во опција се двегодишен договор „тежок“ 68 милиони, тригодишен за 106 милиони, или пак четиригодишен за кој би добил фантастични 146 милиони долари.

Според медиумите, „лејкерси“ се финасиски моќни да му понудат на „веѓата“ дури и петгодишен договор вреден 202 милиони долари.