Историскиот успех на Македонија на Европското кошаркарско првенство во 2011 година во Литванија уште долго ќе се прераскажува.

Можно беше Македонија да игра и во големото финале но на крајот мораше да се задоволи со дуел за бронзата, која ја освои Русија.

Од ФИБА за денеска од 14 часот најавија дека на Јутјуб каналот ќе го емитуваат дуелот на Македонија и Шпанија од полуфиналето во кое победи „Фуријата“ со 92:80.