Меѓународната кошаркарска федерација денеска од 18.часот на социјалните мрежи ќе го емитува историскиот меч на Македонија против Литванија до ЕП во кое нашите херои изборија историски пласман во полуфиналето.

Ова ќе биде одлична можност повторно да се присетиме на натпреварот кој одбележа една генерација во која предводена беше од Марин Докузовски.

За потсетување, на тој меч Мекејлеб беше најефикасен со 23.поени, додека одлучувачката тројка беше дело на Владо Илиевски на 17.секунди пред крајот на натпреварот.