Кошаркарите на Филаделфија ја совладаа Јута Џез со 131:123 во најнеизвесниот натпревар одигран во последното коло од НБА лигата.

Ембид со 40 поени и 19 скокови беше најдобриот играч во победничкиот состав и воопшто на натпреварот. За Јута се издвои Мичел со 33 поени.

Сакраменто славеше против ЛА Лејкерс со 123:120 предводен од Хилд и неговите 29 поени и 6 скокови и асистенции. Кај поразените во одсуство на Леброн Џејмс и на Дејвис се издвои Шредер со 28 поени.

Резултати: Кливленд – Индијана 111:114, Филаделфија – Јута 131:123, Торонто – Детроит 105:129, Хјустон – Бруклин 114:132, Минесота – Шарлот 102:135, Њу Орлеанс – Чикаго 124:128, Орландо – Атланта 112:115, Далас – Оклахома 87:78, Портланд – Голден Стејт 108:106, Сакраменто – Ла Лејкерс 123:120.