Плејмејкерот на Хјустон Рокетс, Расел Вестбрук ја одбележа минатата ноќ во НБА лигата, откако на дуелот со Њу Орлеанс на кој тимот од Тексас славеше Вестбрук го запиша 139 „трипл-дабл“ учинок.

Вестбрук зад своето име имаше 28 поени, 13 асистенции и 10 скока, а со првиот „трипл-дабл“ сезонава се искачи на втората листа во историјата во оваа категорија, а позади себе го остави легендарниот Меџик Џонсон. Единствено пред Вестрбрук е Оскар Робертсон со 181.

Најголемото изненадување на стартот од сезоната е Феникс Санс, кои стигнаа до втората победа, овој пат над фаворитот ЛА Клиперс. Девин Букер со 30 поени ги предводеше „Сонцата“.

Неверојатен меч синоќа одигра и Треј Јанг кој втор натревар по ред постигнуа над 35 поени. Кошаркарот на Атланта беше назаслужен за победата над Орландо, а одлучувачкиот кош плејмејкерот на домаќините го постигна на 25 секунди пред крајот на мечот и им донесе победа од 103-99.