Голден Стејт проблемите со повредени играчи ги надмина остварувајќи ја втората овосезонска победа во НБА лигата. Вориорс славеше пред своите навивачи против Портланд со 127:118.

Пачал со 36 поени и 13 скокови беше најдобриот поединец во победничкиот состав, за Портлант се издвои Лилард со 39 поени.

Феникс е тимот кој за прв пат оваа година славеше против Филаделфија. Во победата од 114:109 Букер запиша 40 поени, Рубио застана на 21 поени и 10 асистенции.

На останатите натпревари:

Вашингтон – Детроит 115:99

Бруклин – Њу Орлеанс 135:125

Мемфис – Хјустон 100:107

Минесота – Милвоки 106:134