Минатата ноќ во НБА лигата ја одбележаа два натпревари од седумте кои беа на програмата а во кои доминираа гостинските екипи.

Денвер загуби од Голден Стејт со 116:100. Поранешниот НБА првак и покрај тоа што оваа сезона игра под сите стандарди успеа да слави. Вигинс и Паскал со по 22 поени и по пет скокови беа најефикасни во победничкиот тим.

Никола Јокиќ се издвои кај поразените со дабл дабл од 16 поени и 13 скокови (запиша и седум асистенции).

Сакраменто го совлада Вашингтон во супер ефикасен натпревар со 133:126.

На останатите натпревари:

Бостон – Бруклин 120:129
Њу Орлеанс – Минесота 134:139
Оклахома – ЛА Клиперс 94:109
Феникс – Торонто 114:123
ЛА Лејкерс – Филаделфија 120:107