Откако одлучи да го одбие повикот на САД за настап на Мундијалот во Кина, Џејмс Харден реши да го продолжи одморот на Бахамите, пред почетокот на подготовките за новата сезона во НБА лигата.

Кошаркарот на Хјустон одлучил да му даде 10 000 долари на едно сиромашно семејство.  Помош добиле уште неколку деца кои Харден ги видел како ловат риба на крајбрежјето.