Џејмс Харден одигра уште еден перфектен натпревар , го предводеше својот Хјустон до победа над Клиперси со 102-93.

Речиси половина од поените за Хјустон ги постигна Џејмс Харден кој мечот го заврши со 47 поени, беше прв играч во својот тим и инспиратор на победата, која  за Хјустон  беше осма  сезонава.

РЕЗУЛТАТИ:

ЛА Лејкерс – Голден Стејт 120-94, Бостон – Вашингтон 140-133, Шарлот – Мемфис 117-119, Орландо – Филаделфија 112-97, Минесота  – Сан Антонио 129-114, и Портланд – Торонто 106-114.