Хувентуд го  совлада Реал Бетис со 78:57, тимот на нашиот Ненад Димитријевиќ има максимален ефект, два од два на почетокот од сезоната.

Ненад Димитријевиќ средбата ја заврши со пет поени , три скока и седум асистенции. По денешниот натпревар Хувентуд  го дели првото место со Обрадоиро, Басконија, Тенерифе и Барселона кои имаат  по четири бодови.