Дербито во Евролигата меѓу Цска Москва и Барселона заврши со победа на каталонците, а херој на мечот беше Никола Миротиќ кој погоди со звукот на сирента при резултат 80-80. Ова е прв триумф на Барселона кај Московјани по пауза од осум години.

Со оваа победа тимот на Светислав Пешиќ одржа чекор со вечниот ривал Реал Мадрид во борбата за втората позиција на табелата, а убедливо на првото место се наоѓа Анадолу Ефес.