Екипата на Милвоки предводена од Јанис Адетокумбо го победи Јута со 122-118 во еден од најинтересните мечеви утринава во НБА лигата.

Адетокумбо постигна речиси половина од сите поени на Милвоки, мечот го заврши со 50, за него ова беше најдобриот меч сезонава во која ја брани титулата МВП. Геркот на ова придодаде 14 скокови и 6 асистенции.

Кошаркарите на ЛА Лејкерс ја запишаа осмата победа сезонава, славеа над Сан Антонио со 114-104, Леброн Џејмс постигна 33 поени и 14 асистенции, со овој ефект стигна до 12.000 поени во кариерата од игра.

РЕЗУЛТАТИ:

Кливленд  – Бруклин 106-108

Детроит – Орландо 103-88

Индијана – Мемфис 126-114

Атланта – Минесота 113-125

Бостон – Сакраменто 103-102

Мајами -Шарлот 117-100

Торонто – Филаделфија 101-96

Чикаго – Портланд 94-117

Сан Антонио – ЛА Лејкерс 104-114

Голден Стејт – Оклахома 97-100