Денвер го совлада Њу Орлеанс со 114-112, одново во главната улога Србинот Никола Јокиќ кој мечот го заврши со МВП стил.

Јокиќ беше клучен во победата на Денвер со 32 поени, 7 скока и 8 асистенции.

Феникс по 11 години стигна до плеј-офф, ги победи Клиперси со 109-101 и така го заверија учеството во разигрувањето. Крис Пол со дабл-дабл, 28 поени и 10 скока најистакнат поединец кај Феникс.

Кошаркарите на Јута го победија тимот на Сакраменто во натпревар на кој постигнаа неверојатни 154 коша, противникот мечот го заврши со 105.

Неверојатната ефикасност ќе се прераскажува, на мечот кошаркарите на Јута постигнаа 24 тројки, процентот беше неверојатен изнесува 59!