Денвер запиша победа против Мемфис со 139-137, извонредно возбудлив и неизвесен натпревар кој имаше две продолженија.

Блесна Србинот Никола Јокиќ, постигна 47 поени, на ова придодаде 15 скока и осум асистенции и беше најдобриот поединец во својот тим и еден од најзаслужните во победата на Денвер.

Резултати:

ЛА Лејкерс – Јута 97-111, Вашингтон – Оклахома 119-107, Голден Стејт- Филаделфија 107-96, Мајами – Хјустон 113-91, Детроит – Кливленд 109-105, Бостон – Чикаго 96-102, ,  Милвоки – Феникс 127-128 и Индијана – Сан Антонио 94-109.