Никола Јокиќ повторно имаше неверојатен натпревар, а сега противник му беше Лос Анџелес Клиперс. Против еден од најсилните тимови во лигата, Србинот одигра феноменален натпревар, постигна 30 поени и додаде 14 скокови и 7 асистенции.

На теренот повторно беа видени неколку неверојатни потези на магионичарот од Сомбор. Освен што го изведе своето 41-во забивање во кариерата, на мечот повторно воодушеви со своите додавања.

И порано имал одлични пасови, но сега на грбот го имаше Демаркус Казинс, а еден од бековите на Клиперс му пријде во обид да му ја украде топката. Јокиќ пресмета дека на тој дел од теренот е преголема гужба, па реши да префрли топката на спротивната страна.

А тоа го направи на неверојатен начин. Јокиќ без да гледа ја фрли топката право во рацете на Факундо Кампацо, кој беше сосем на шут за тројка.