Србинот Никола Јокиќ одигра уште еден извонреден меч, тој во победата на Денвер над Минесота со 103-114, запиша дабл-дабл , мечот го заврши со  31 поен и 14 скока, имаше и 4 асистенции.

Пкрај Јокиќ се истакна и  Арон Гордон со 15 поени и 4 асистенции, кај Минесота,  Едвардс со 29 поени и 5 скока беше најдобриот поединец.

 

Дерби се одигра во Источната конференција, дуелот  меѓу Мајами и Филаделфијазаврши со резултат 106-94. Џими Батлер  со 21 поен, 5 скока и 4 асистенции најдобар кошаркар кај Мајами,  дабл-дабл запиша Адебајо со 18 поени и 12 скока.

Атланта славеше против  Орландо со 116-93, Богдан Богдановиќ со 27 поени и 5 асиснтеции меѓу најдобрите на паркетот.