Денвер не запира, запиша нова победа сезонава, стигнаа до 21-та, ја совладаа Индијана со 103-113, блесна  Никола Јокиќ со трипл – дабл,  мечот го заврши  со20 поени и 12 скока, сепак најефикасен на средбата кај победничката екипа беа  Портер со 24 и Мареј со 23 поени.

 

Лилард ја потврди својата екстра класа,  запиша дури  44 поени, со тоа  Портланд стигна до триумф против Сакраменто со 123-119.

Резултати:

Бостон – Торонто 132-125, Феникс – Голден Стејт 120-98, Њујорк – Детроит 114-104, Вашингтон – Клиперс 119-117
Мемфис – Милвоки 111-112, Њу Орлеанс – Мајами 93-103 и Сан Антонио – Оклахома 102-107