Јута Џез ја продолжи лошата серија на Голден Стејт во новата сезона во НБА лигата. Вориорс загубија со 122:108 по што останаа на последното место на табелата во Западната конференција.

Гобер со 25 поени и 14 скокови и Мишел со 23 поени и 8 асистенции беа најдобрите поединци во победничкиот состав, за Голден одлична партија одигра Расел со 33 поени и 8 асистенции.

Торонто по трите победи во низа, рано утринава беша поразен од ЛА Клиперс со 98:88. Вилијамс постигна 21 поен за Клиперс, Сиакам се издвои за Репторс со 16 поени 10 скокови и 4 асистенции.

На останатите натпревари:

Детроит – Минесота 114:120

Бостон – Далас 116:106

Сан Антонио – Мемфис 109: 113

Њу Орлеанс – Хјустон 116:122