Јута покажа дека е во суперформа, падна и ЛА Лејкерс со убедливи 114-89. Во победничкиот тим дури шест играчи запишаа двоцифрен број на поени.

Најефикасен беше Кларксон и Гоберт кои мечот го завршија со по 18 поени, додека Леброн Џејмс на спротивната страна запиша 19 поени.

Бостон е во голема резултатска криза, беа поразени по седми пат на последните 10 средби, загуби од Атланта со 127-112.

Данило Галинари одигра меч за паметење, запиша 38 поени, а ефектот за три поени му беше извонреден, мечот го заврши со 10 тројки.

Резултати:

Кливленд – Хјустон 112-96, Голден Стејт – Индијана 107-111, Чикаго – Минесота 133-126, Њу Орлеанс – Детроит 128-118, Оклахома – Сан Антонио 102-99 и Шарлот – Феникс 121-124.