Дебакл доживеа Работнички во балонот во Сараево. Подобри од нашиот најтрофеен клуб беа кошаркарите на Широки Бријег со конечен резултат 106:77, односно 29 разлика.

Второто полувреме беше кобно за тимот од Градски парк, со оглед на тоа што тие првите две четвртини имаа предност од 2 поени разлика, двете четвртини ги добија со 18:17 и 19:18.

Но, избраниците на Мираковски третата четвртина беше и повеќе од лоша, за 10 минути примија дури 41 поен, а дадоа само 18. Широки Бријег во последната четвртина само го потврди фуриозното второ полувреме, и ја доби со 30:22.

Иако изгубија со голема разлика, најдобрите стрелци на мечот беа од Работнички, по 22 поени имаа Балмазовиќ и Питс, исто толку имаше и Томас од тимот на Широки. Кај тимот од Градски парк имаше само уште еден двоцифрен, 10 поени постигна Торнтон.