Српскиот кошаркар во НБА лигата Ален Смајлагиќ полека се прилагодува на животот во САД и во новиот тим Голден Стејт Вориорс.

Одлично се забавува и дружи со сите во екипата и поради тоа на двајца свои соиграчи Џордан Пол и Ерик Паскал реши да ги запознае со специјалитетите на балканската кујна.

Изборот на Смајлагиќ беа кебапи,бурек и јогурт. На Пол и Паскал им се допадна храната и на скалило од 1 до 10, храната ја оценија со 7.

Во продолжение погледнете ја урнебесната реакција на американските кошаркари.