Кошаркарите на Реал Мадрид поведоа против Барселона со 2-0 во победи откако во вториот меч помеѓу вечните ривали победи со 81-80.

Избраниците на Светислав Пешиќ си дозволија од готово-вересија, откако ја имаа победата во своите раце, но на крај се радуваа домашните кошаркари, благодарение на тројката на Керол на само две секунди до крајот на мечот за конечни 81-80.

Серијата сега се сели во Барселона,а за триумф во шпанскиот шампионат на Реал Мадрид му недостасува уште една победа.