Полска ја победи Кина на кошаркарскиот Мундијал со 79-76 по продолжението, кинескиот коментатор речиси се расплака по драматичниот пораз.

Ванг Шипенг е поранешен кошаркар, сега коментатор на натпреварите од Мундијалот на кој домаќин е Кина.

Кина по поразот од Полска е на второто место во групата и го ризикува пласманот во следната фаза за распределба на медалите, поразот многу тешко му падна на славниот Шипенг кој има голем авторитет во својата земја.