Кошаркарите на ЛА Клиперс се изборија за пласман во финалето на Западот против Феникс, откако славеа против Јута со 131:119 и со 4:2 ги елиминираа „Џезерите“.

Мичел со 39 поеин беше најдобриот поединец кај поразените, за Клиперс се издвои Ман со 39 поени, Џорџ натпреварот го заврши со 28 поени.

На истокот, Атланта на домашен терен загуби од Филаделфија со 99:104 и патникот во финалето ќе се одлучи со мајсторка.