Кошаркарите на Кливленд се израдуваа на победа против Бруклин од 147:135 и покрај тоа што за поразениот тим настапија заедно Дурент, Харден и Ирвинг.

Џеди Осман кој е по потекло од Охрид постигна 25 поени и седум скокови и асистенции, неверојатен беше Колин Секстон кој забележа личен рекорд ос 42 поени.

Кај поразените Дурент се издвои со 38 поени и 12 скокови, Ирвинг уфрли 37 пеопени а Харден 21 поен, 10 скокови и 12 асистенции.

Резултати НБА:

Кливленд – Бруклин 147-135, Хјустон – Феникс 103-109, Голден стејт – Сан Антонио 121-99, Филаделфија – Бостон 117-109, Индијана – Далас 112-124, Атланта – Детроит 123-115, Торонто – Мајами 102-111, Минесота – Орландо 96-97, Л.А. Клиперс – Сакраменто 115-96.