Кошаркарот на Вашингот Визардс, Бредли Бил стана првиот играч после Коби Брајант, кој две ноќи во серија уфрлал 50+ поени во НБА лигата.

Бекот на Визардс во дуелот со Милвоки Бакс постигна 55.поени и тоа само една ноќ, откако на Чикаго им уфрли 53.поени и на тој начин се најде рамо до рамо со легендата на светската кошарка Коби Брајант.

За потсетување, „црната мамба“ во 2007 година во две последователни вечери постигна 60. поени против Мемфис и 50. против Њу Орлеанс.