На кошаркарските терени во Албанија се случи неверојатен инцидент каде кошаркарот на Тирана, Бруно Делиу го нокаутираше судијата, а поради овој потег тој е доживотно суспендиран од кошарскиот сојуз на Албанија.

Причина за тешкиот инцидент е техничката грешка која  делителот на правдата му ја досуди на Делиу, а овој видно револтиран со две тупаници, судијата го падна на паркетот, а Делиу продолжи да го удира.