Македонската машка кошаркарска репрезентација ќе игра против Италија, Естонија и против Русија во квалификациската група Б во битката за пласман на Европското првенство во 2021 година.

Тежок и непредвидлив ќе биде патот за обезбедување учество на следниот еврособир ако се земе во предвид фактот дека ќе играме против домаќинот Италија, против повеќекратниот континентален првак и против репрезентацијата која не декласираше на домашен терен во предквалификациите за пласман на СП 2019.

Ова е епилогот од денешната ждрепка во Минхен: