Кошаркарската Евролига пред стартот на новата сезона, традиционално објавува интересни видеа во кои кошаркарите и тренерите се наоѓаат во улоги на главни актери, па така и овој пат маркетинг тимот на Евролигата си ја заврши работата и во свој стил ја најавија новата сезона.

Овој пат темата на видеото беше интервју за работа но со заменети улоги, тренерите беа тие кои мораа да ги импресионираат кошаркарите кои беа предводени од кошаркарот на ЦСКА Москва, Карл Хајс. Во рекламата се познатите тренерски имиња како што се Пабло Ласо, Ергин Атаман, Димитрис Итудис, Дејан Радоњиќ, Еторе Месина Жељко Обрадовиќ и многу други познати имиња од светот на кошарката.